Турската пејачка Хаџер Тулу е убиена во ноќен клуб во близина на турското одморалиште Бодрум. 40-годишната пејачка е една од двете жртви на престрелката што се случила вчера.
Според првичните информации, другото убиено лице е Мехмет Али Суренсој, сопственик на клубот во кој се случил инцидентот. Повредени се уште четири лица. Според пишувањата на локалните медиуми, било пукано од автомобил, а полицијата засега уапсила четири лица.
Турските медиуми објавија дека Тулу имала 15-годишна ќерка.