Регион 27. декември 2020. / 17:00

Во Турција засилено ќе се контролираат фондациите и здруженијата

Во Турција засилено ќе се контролираат фондациите и здруженијата

Турскиот Парламент денеска го усвои Законот за засилен надзор над фондациите и здруженијата. Групите за заштита на човековите права, меѓу кои и Амнести интернешнел оценија дека Законот води кон ограничување на слободата на огранизациите на граѓанското општество.

Со Законот е дозволено министерот за внатрешни работи да ги смени членовите на организациите против кои се води истрага поради обвиненија за тероризам, а Министерството за внатрешни работи може да побара од судовите да ги спречи активностите на одредени фондации и здруженија.

И меѓународните организации ќе бидат опфатени со Законот.

Претходно, седум организации, меѓу кои и Здружението за човекови права и Амнести интернешнел, во заедничко соопштение наведоа дека обвиненијата за тероризам во Турција се произволни и оти не се почитува презумпцијата на невиност и се казнуваат и лицата чии судења не се завршени.

Законот предвидува контролата во фондациите да ја вршат државните службеници, додека локалните гувернери и министерот за внатрешни работи можат да ги блокираат онлајн кампањеитњ врз основа на мерките за спречување на финансирањето на тероризам и перење пари.

Законот предвидува и казна до 200.000 турски лири (26.500 долари), додека претѕходните казни беа во висина од 700 лири. Здруженијата и фондациите предупредуваат дека високите парични казни ќе доведат до нивно затворање.