Регион 26. март 2020. / 12:20

Во Турција во последните 24 часа починале 15 луѓе, а новозаразени со Ковид-19 се 561 лице

Во Турција во последните 24 часа починале 15 луѓе, а новозаразени со Ковид-19 се 561 лице

Бројот на починати од последиците од корона вирусот во Турција во последните 24 часа се искачи на 15 со што вкупната бројка на жртви на епидемијата изнесува 59, соопшти министерот за здравство, Фахретин Коча.

Тој на Твитер објави дека бројот на инфицирани лица од вирусот Ковид-19 се зголемил за 561, што значи дека вкупно 2.433 лица се заразени со новиот корона вирус.