Деветмесечно сириско бебе загина при минофрлачки напад извршен од сириската курдска полиција врз турскиот пограничен град Санлиурфа, соопшти кабинетот на гувернерот.
Според гувернерот, убиен е и еден турски јавен службеник при нападите во областите Акчакале и Cејланпинар во Санлиурфа, а повредени се 46 луѓе. Тоа е прва официјална потврда за жртви од турска страна.