Регион 14. септември 2020. / 15:32

Во Софија протест на родители против задолжителното носење на маски во училиште

Во Софија протест на родители против задолжителното носење на маски во училиште

Родители на училишни деца денеска протестираа пред бугарското Министерство за образование и наука во Софија со барање да се укине задолжителното носење маски во училиште, а се противат и на ставање во изолација на деца со симптоми.

Според родителите, сите тие мерки се страсни за децата.

Еден од организаторите на протестот и претставник на здружението „Обединети родители“, Милко Бојанков изјави дека доколку не се слушнат нивните барања, тие ќе создадат родителски групи, кои ќе бидат околу училиштата и нема да дозволат децата да бидат ставени во изолација и ќе го контролираат целиот процес.

Утре во Софија, во 18 часот, ќе има уште еден протест пред Министерството за образование и наука во Софија, со барање носењето маски наместо задолжително да биде доброволно