Регион 09. февруари 2020. / 10:16

Во Подгорица одржан вториот протест за смена на Ѓукановиќ

Во Подгорица одржан вториот протест за смена на Ѓукановиќ

Во Подгорица се одржа вториот политички протест што го организира Групата граѓани „Пресврт“ (П(ре)окрет), со кој се бараат фер избори и оставка од претседателот Мило Ѓукановиќ.

Весникот „Вијести“ наведува дека демонстрантите бараат и повлекување на спорниот Закон за слобода на веросиповедта.

Учесниците во протестот, кои се организирани под паролата „Мора да си замине“, прво се собраа пред зградата на претседателот на Црна Гора , а потоа заминаа во протестна прошетка, пренесе „Вијести“.

Главното барање, Ѓукановиќ да поднесе оставка, организаторите му го врачија уште во среда, на првиот протест.