Во Хрватска денеска пристигнаа првите 3.600 дози вакцини од американската фармацевтска компанија „Модерна“, објави на Твитер портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ.
-Целокупната прва транша ќе биде испратена за вакцинирање на луѓето против Ковид-19 во Сисачко-мославичката жупанија, напиша владиниот портпарол во твитот во кој објави фотографии од првите дози на вакцината на „Модерна“ што пристигнаа во Хрватска.