Регион 20. април 2018. / 13:50

Во Грција најавени протести со исклучување на струјата поради намера за приватизирање електроцентрали

Во Грција најавени протести со исклучување на струјата поради намера за приватизирање електроцентрали

Со прекин на снабдувањето со електична енергија, грчкиот синдикат ќе почне со протести поради најавената приватизација на електроцентрали и јагленокопи во државата, објави Катимерини

Со прекин на снабдувањето со електична енергија, грчкиот синдикат ќе почне со протести поради најавената приватизација на електроцентрали и јагленокопи во државата, објави Катимерини.

Протестите почнуваа в понедленик бидејќи Парламентот се очекува по брза постапка да одлучува за нацрт-законот од Владата за продажба на електроцентрали и рудници.

Се очекуваат протести в понеделник во Северна Грција, полуостровот Пелопонез, каде се наоѓаат електроцентралите што ќе бидат предмет на продажба.

Продажбата е во рамки на приватизација што ја бараат меѓународните кредитори на Грција со цел либерализација на пазарот за електрична енергија. Во моментот, Националната компанија ДЕИ е 90 отсто во сопственост на државата.