Регион 13. јули 2020. / 10:54

Во Аја Софија назначени два имама

Во Аја Софија назначени два имама

Шефот на турската служба за религиозни работи, Али Ербас, најави дека во поранешната византиска црква на Константинопол, Аја Софија, ќе бидат назначени два имама кои ќе ги спроведуваат муслиманските молитви

Ербас во неделата, во придружба на министерот за туризам и култура во земјата, Мехмет Нури Ерсој, престојуваше во посета на Аја Софија за да даде упатства за нејзино претворање во џамија.

Тој истакна дека се испитуваат средствата што треба да се користат за покривање на фреските, мозаиците и муралите.

За во вторник се очекува претседателот Реџеп Таип Ердоган да претстави алтернативи што би можеле да бидат прифатени од УНЕСКО, како што е покривање со оптички системи или завеси што ќе бидат употребувани за време на молитвата.

Информациите од Турција, исто така, велат дека ќе се постави тепих од 14.000 квадратни метри, што го нарачало и го платило турското претседателство.

Ердоган во говор во петокот вечер изјави дека првата молитва во Аја Софија ќе се одржи на 24 јули.