Владата на Србија денеска упати финансиска помош на Франција во износ од милион евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз.
Познатата катедрала е тешко оштетена во катастрофалниот пожар што се случи ноќта на 15 април.
-Со оваа одлука Владата на Србија го потврдува вековното пријателство со францускиот народ и изразува желба симболот на француската и светска цивилизација што побрзо да се обнови и да се отвори овој храм на културата и уметноста за сите свои идни поклоници, соопшти канцеларијата за соработка со медиумите по седницата на владата.