Регион 18. јуни 2020. / 11:13

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа пред Српската Влада: Две лица загинаа

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа пред Српската Влада: Две лица загинаа

Во тешка сообраќајна несреќа пред зградата на српската влада во Белград, загинаа две лица, а осум се повредени.

Полицијата се сомнева дека несреќата на пресекот на улиците „Немања“ и „Кнез Милош“ е случила кога возачот на автомобилот марка БМВ поминал на црвено светло и се судрил со комбе.

Пинк известува дека загинатите биле на 20годишна возраст, а меѓу повредените е и двегодишно дете кое има тешки повреди на главата.

Сите жртви имаат повреди на градите, главата и екстремитетите.