Регион 07. февруари 2021. / 18:10

(ВИДЕО) Српската полиција запленила 270 килограми марихуана на автопатот Белград – Ниш

(ВИДЕО) Српската полиција запленила 270 килограми марихуана на автопатот Белград – Ниш

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Управата за криминалистичка полиција на Србија запленија 270 килограми марихуана и го уапсија Р.Т. (38) под сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотици.

Полицијата го затекнала Р. Т. (1982) во комбе на автопатот Белград-Ниш, кратко откако тој бил осомничен дека одзел 278 пакувања марихуана од човек кој бил во друго комбе и полицијата интензивно трагала по него.

Осомничениот бил лишен од слобода до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Погледнете го видеото на следниот ЛИНК.