Регион 29. декември 2020. / 15:24

(ВИДЕО) Спасени татко и син од под урнатините по земјотресот во Петриња

(ВИДЕО) Спасени татко и син од под урнатините по земјотресот во Петриња

Татко и син се извадени од под урнатините во Петриња, по разорниот земјотрес од 6.3 степени според Рихтер.

Тие се меѓу првите кои се спасени од страна на противпожарната бригада и медицинските екипи. Од снимката може да се види како таткото го држел својот син во раце, за да го заштити од објектот кој се разурнал врз нив. Спасителската акција и натаму трае, а веќе има загинати, меѓу кои и едно дете.