Сниматеолот на радио Бановина го снимил моментот на силниот земјотрес во Петриња, додека градоначалникот давал изјава за медиумите.
Хрватска беше погодена од разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Сеизмологот Сњежан Преволник денес изјави дека не поминуваат неколку секунди без земјотрес.
„Претстои период на исклучително активна сеизмичка активност, која, се плашам, ќе трае многу долго, дури и повеќе од една година“, рече тој.
Вчера во 18.29 часот, во централниот дел на Хрватска, е почувствуван нов земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 18 километри западно од Сисак и 42 километра југоисточно од Загреб, пренесува ЕМСЦ. Се почувствувал и во Сисак, Загреб, Петриња, Мала Горица…
Околу 18.58 часот на истиот простор бил почувствуван уште еден умерено силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Тоа бил 20-тиот земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 37 часа, објави ЕМСЦ.
Видеото погледнете го на следниот ЛИНК.