Регион 05. декември 2018. / 17:00

(ВИДЕО) Скандал: Додик поради знаме го напушти состанокот со амбасадорите

(ВИДЕО) Скандал: Додик поради знаме го напушти состанокот со амбасадорите

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска предизвика дипломатски скандал, кога го напушти состанокот со амбасадорите, само зашто во салата немало знаме на Република Српска.

Додик, заедно со хрватксиот и со бошњачкиот член на претседателството, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ ги примија членовите на дипломатските претставништва на БиХ во Сараево, каде биле истакнати државните знамиња.

На Додик тоа не му се допаднало, зашто сакал да има и знаме на Република Српска, па под изговор дека нема услови за негово одржување, си замина од состанокот.