Регион 22. декември 2020. / 11:17

(ВИДЕО) Прва во регионот: Во Србија пристигнаа вакцините

(ВИДЕО) Прва во регионот: Во Србија пристигнаа вакцините

На белградскиот аеродром беа преземени вакцините на производителот „Фајзер“ против коронавирусот.

Во контигентот се 4.800 дози од вакцината, а според претходните најави, тие ќе бидат наменети првенствено за лицата кои се сместени во домовите за стари лица.

Авионот со вакцините слета малку порано од предвиденото на аеродромот „Никола Тесла“, а вакцините се веќе превеземени, односно истоварени.

Инаку, Србија е првата земја во регионот во која пристигна вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.