Регион 01. ноември 2019. / 15:16

(ВИДЕО) По силниот земјотрес во Албанија, жителите на Корча апелираат за помош

(ВИДЕО) По силниот земјотрес во Албанија, жителите на Корча апелираат за помош

Силниот земјотрес кој утринава ја стресе Албанија и регионот предизвика големи штети, а жителите на Корча апелираа на помош.

Градот кој денеска беше потресен од земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер предизвика паника кај жителите. Пријавени се материјални штети и селото Кафзезе во Колоња и Видохове во Девол, области во Албанија.

Овие две села беа меѓу најоштетените во јунскиот земјотрес. Денешниот само дополнително отворил пукнатини во ѕидовите и предизвикал паѓање на малтерот.

– Се моли владата, овој земјотрес беше посериозен и имам двојно поголема штета. Можам да останам во мојата куќа две ноќи, а потоа каде? Се чуствуваме загрозени, овој беше далеку посилен од првиот. Ја повикувам државата да дојде да пријави, вели еден од жителите на Корча чија куќа сега е опасна за живеење.

– Сите куќи од гипс се срушија на земја, беше страшно. Овој беше посилен од првиот. Зимата доаѓа, а имам голема штета на куќата, тврди друг жител на Корча.