Регион 04. февруари 2020. / 12:55

(ВИДЕО) Оклопни возила на улиците во Подгорица

(ВИДЕО) Оклопни возила на улиците во Подгорица

Колона од оклопни возила на црногорската полиција утрово е забележана на улиците на главниот град Подгорица.

Во време на тензии и секојдневни „кошкања“ помеѓу граѓаните кои повеќе од еден месец протестираат против Законот за слобода на вероисповед и полицијата, оваа снимка предизвика вознемиреност, посебно на друштвените мрежи, пренесуваат медиумите од соседството.

На снимката се гледаат четири оклопни транспортери пратени од два полициски џипови, на почетокот и на крајот од колоната, кои ги спроведуваат по пат, со уклучени ротациони светла.

Снимката ја објави црногорскиот опозициски политичар Марко Милачиќ.

– Од правец на Никшиќ, во 8 и 35 во Подгорица пристигнуваат оклопни возила, напиша Милачиќ на Фејсбук.

Како што пишуваат погорички „Виести“, од каде прашале за оклопните возила на црногорската полиција, одговор добиле дека се враќале од „редовни, плански активности“.

И покрај тоа, граѓаните, посебно од српска националност, реагирале вознемирено на ваквите сцени.