Регион 06. јануари 2021. / 19:28

(ВИДЕО) Нов силен земјотрес во Хрватска: Уплашени луѓе излегоа на улиците

(ВИДЕО) Нов силен земјотрес во Хрватска: Уплашени луѓе излегоа на улиците

Според првичните информации, земјотресот бил со магнитуда од 5,3 степени по Рихтеровата скала, и е регистриран на 43 километри југоисточно од Загреб.

Хрватската сеизмолошка служба објави дека јачината на земјотресот била 5,0 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во близина на Петриња.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, земјотресот траел десетина секунди. Засега нема податоци дали земјотресот предизвикал нови уривања.

Според ЕМСЦ, земјотресот силно се почувствувал во Сисак, Петриња, Велика Горица и Загреб.

Граѓаните на Петриња излегоа на улиците по новиот силен земјотрес.