Регион 14. мај 2019. / 16:35

(ВИДЕО) Нивото на водата расте: Се евакуираат жителите на некои места

(ВИДЕО) Нивото на водата расте: Се евакуираат жителите на некои места

Нивото на водостојот на реката Сава на мерните единици во Шамац од вчера во истото време, до денес пораснале за 100 сантиметри и моментално изнесува 367 сантиметри.

Поради вчерашните врнежи дошло до зголемување на нивото на реката, па поради тоа е отежната и комуникација поради излевања и наноси од кал на патиштата.

Покачено е и нивото на реките Тиње и Брке.

На состанок во Влада истакнато е дека редовните мерки за одбрана од поплава се прогласуваат на 650 сантиметри зголемено ниво на водата, па засега нема потреба од истите.

 

Тешка ноќ и за мештаните кои живеат во близина на реката Усор, чие ниво е покачено поради обилните дождови.

Извршена е евакуација на жителите, а вреќи со песок биле поставени на насипите, механизацита била активна на терен во чистење на улиците, под мостовите и каналите.