Регион 26. ноември 2019. / 09:21

(ВИДЕО) Најмалку 7 загинати и над 300 повредени во силниот земјотрес во Албанија

(ВИДЕО) Најмалку 7 загинати и над 300 повредени во силниот земјотрес во Албанија

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени утринава ја погоди Албанија при што урна зграда, ги оштети домовите, а жителите избегаа на улиците, некои со бебињата во раце. Според албанските медиуми, бројот на жртвите се искачи на 7 и постојано расте.

Според информациите објавени од светските медиуми, повредени се над 300 лица, а 150 побарале лекарска помош во Тирана.

Епицентарот на земјотресот беше помеѓу Драч и главниот град Тирана, на длабочина од 10 километри. По катастрофалниот земјотрес, следеа многу други. Последниот беше во 7,10 часот со јачина од 5,4 по Рихтер. Епицентарот бил во Јадранското Море на 27 километри од Драч. Во 6.55 часот повторно се случи земјотрес од 4,2 степени во Албанија.

Во 8 часот започна претрагата по луѓе затрупани под урнатините.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа урната зграда во Драч, град на 40 километри оддалечен од Тирана.

Инаку земјотресот беше почувствуван на повеќе локации низ Балканот како и во Италија.

На прашањето дали има жртви, портпаролот на Министерството за внатрешни работи рече: „Ми беше кажано дека нема.“

Според првичните информации, зградите во центарот на овој град се урнале, а екипите за спасување се на теренот обидувајќи им да им помогнат на луѓето заробени под урнатините.