Група мажи нападна и претепаа момче во населбата Сити Кварт во Подгорица, соопштија од полицијата во Црна Гора. Според наводите на полицијата момчето не се здобило со тешки повреди, а напаѓачите побегнале.
Од полицијата истакнуваат дека се работи на идентификација на напаѓачите и дека активностите на полицијата во врска со ова се во тек.
До овој, но и до два други инциденти дошло по масовната прослава и пречек на црногорскиот ватерполо тим кој вчера освои бронзен медал на Европското првенство во Будимпешта.
Дополнително, додаваат од полицијата дека на две локации во Подгорица имало обид за каменување на колона возила што со ефикасна реакција на полицијата биле спречени.
– Во населбата Забјело по реакцијата на полицијата заради обид за каменување во службените простории доведени се пет лица на информативен разговор, додека од населбата Долна Горица доведено е едно лице, изјавија од полицијата.
Од полицијата ги повикуваат граѓаните да се воздржат од инциденти и да не наседнуваат на провокации од кој било вид.