Регион 07. јануари 2021. / 08:37

(ВИДЕО) Моментот на последниот земјотрес во Петриња: Луѓето панично бегаат и се молат на Бога

(ВИДЕО) Моментот на последниот земјотрес во Петриња: Луѓето панично бегаат и се молат на Бога

Од вчерашниот последен земјотерс со јачина од 5 степени што повторно го погоди хрватскиот град Петриња, се појави и видео снимка каде се гледа огромна вознемиреност на граѓаните.

Во паничен страв и низ солзи еден од нив бара спас од Бога за децата пред сè.

Земјотресот предизвика дополнителна штета на неколку згради и куќи, а голем дел од жителите одлучија ноќта да ја поминат во шатор бидејќи се плашат да спијат во нивните домови.

Видеото од моментот на земјотресот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Според последните информации, срушени се неколку објекти, но нема информации за евентуални жртви.

ЕМСЦ најпрво извести дека земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, но последователно објави дека јачината сепак е 5,0 степени.

Според првите податоци, епицентарот бил на околу 45 километри југоисточно од Загреб, во областа на Петриња.