Ситуацијата на границата меѓу Турција и Грција се повеќе излегува од контрола.
Откако турските власти одлучија да им дозволат слободен премин на мигрантите кон Европа, десетици илјади мигранти дојдоа на турско-грчката граница во обид да влезат на грчка територија.
Таквиот притисок на луѓе на граничната линија, предизвикува сериозни проблеми за грчката војска и полиција да ги сопрат мигрантите и да не дозволат нивен влез во земјата.
Во тие обиди да се сопрат мигрантите дојде до неколку судири со грчките безбедносни сили, коишто со солзавец, шок-бомби и огради од бодликава жица се борат да го сопрат мигрантскиот бран.