Силен земјотрес го погоди грчкиот главен град Атина, со епицентар 23 километри северозападно од Атина, предизвикувајќи луѓе да бегаат на улиците и проблеми во телекомуникациите.
-Земјотресот „беше силен, но за среќа не траеше долго“, рекол еден од сведоците, цитиран од Јуропеан ертквејк монитор.
Според прелиминарните податоци, земјотресот имал сила од 5,3 степени, а треперењето кратко време по 13 часот траело најмалку 15 секунди.
Засега нема информации за повредени или за каква било голема штета, но локалните медиуми известија за некои прекини на струја во централна Атина и прекини на телефонските линии.
Атињани велат дека земјотресот бил проследен со неколку помали афтершокови. Ова е прв земјотрес во грчкиот главен град по тој во 1999 година.