Регион 09. март 2021. / 21:51

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Атина: Демонстрантите фрлаат со молотови, полицијата враќа со солзавец

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Атина: Демонстрантите фрлаат со молотови, полицијата враќа со солзавец

Еден грчки полицаец вечерва е тешко повреден за време на конфликтот во Атина со демонстрантите, кои излегле на улица за да изразат протест против полициското насилство.

До конфликтот дошло во атинската населба Неа Смирни, а полицаецот бил погоден со факел или камен во вратот, поради што неговите колеги формирале круг околу него за да го заштитат додека не дошла Брза помош и го однела во болница, пренесува „Катимерини“.

Според државната телевизија „ЕРТ“, напаѓачите со качулки фрлале молотови коктели кон полицијата, која одговорила со солзавец.

Полицијата пронашла ранец полн со молотови коктели и факли.

Неколку паркирани автомобили биле оштетени, а на социјалните мрежи можат да се видат и запалени контејнери.

Претходно, околу 5000 лица се собрале на главниот плоштад во Неа Смирни, каде за време на викендот почнала пресметка со полицијата.