На денешниот протест во Скадар, во кој главно учествуваа млади, целосно се уништени просториите на Социјалистичката партија, од која доаѓа актуелниот премиер Еди Рама. Од просториите беше извадено се што се наоѓаше во нив и потоа запалено. Учесниците во протестот оштетија и други објекти.
За смирување на состојбата интеревенираа припадниците на специјалната полициска единца за итни интервенции.