Грчката полиција се судри со демонстраните во Атина, каде луѓето се собраа на годишнината од насилните протести во 1973 година после кои е соборена воената хунта.
Околу 10.000 луѓе прошетаа до американската амбасада во Атина, а многу Грци сметаат дека САД ја помагале седумгодишнаа воена диктатура на хунтата.
Судири избиле по завршувањето на маршот, а одредени демонстранти полицијата ја гаѓаа со камења и молотови коктели.
Грчката телевизија Алфа пренесе снимки од полицијата како демонстраните ги растерува со солзавец.
Одредени демонстранти поставиле и барикади.