Регион 15. февруари 2019. / 13:05

(ВИДЕО) Џафери го гледаше нападот на Рама во Парламентот

(ВИДЕО) Џафери го гледаше нападот на Рама во Парламентот

Вчера во Тирана се случи инцидент во албанскиот Парламент, кога пратеникот од опозициската Демократска партија, Еди Палока истури боја врз премиерот Еди Рама. Поради нападот на Палока му е одредена казна за десетдневна забрана за влез во Парламентот.

Инцидентот се случил откако премиерот Рама, влезе во конфликт со лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој наместо за ратификација на Протоколот за членство на Македонја во НАТО, зборуваше за грешките на Рама.

Според Рама Баша е дете што не знае што прави и што зборува. Албанскиот премиер му се извини за инцидентот на претседателот на македонскот парламент Талат Џафери, кој присуствува на седницата.