Седумнаесети ден по ред во Софија се собраа демонстранти кои бараат оставка од Владата и државниот обвинител.
За време на протестот, тие го запреа сообраќајот во непосредна близина на зградата на Националното собрание и пред претседателството, скандирајќи го барањето „Оставка“.
Притоа, демонстрантите фрлаа тоалетна хартија кон зградата на бугарската влада.
Под две недели непрекинати протести премиерот Бојко Борисов неделава ја реконструираше Владата, но демонстрациите продолжуваат со барање оставка од целата влада.
Претседателот Румен Радев, исто така, побара оставка од владата пред десетина дена.