Србинот Иван Ѓорѓевиќ (59) е изрешетан на улиците на Јоханесбург, а убијците избегале и по нив трага полицијата.
На снимките од безбедносните камери се гледа како убијците му приожаат на Србиниот со авотмобил , додека тој седи во својот блиндиран Мерцедес во близина на куќата каде живеел.
Mаскираните напаѓачи од автоматско оружје го изрешетаа Србинот , кој во еден момент истрча од автомобилот , но еден од напаѓачите го стигна и почна да пука по него.
Истрагата покажала дека во телото на Ѓорѓевиќ биле најдени 26 куршуми.
Автомобилот со кој избегале напаѓачите подиоцна бил најден запален на блиската полјанка. Убиството на Ѓорѓевиќ се доведува во врска со војната на два криминални српски кланови , кои се борат за превласт во трговијата со дијаманти.