Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди бугарската економија и се проценува дека околу 70 илјади луѓе веќе ги загубиле работните места.
Економијата на соседна Бугарија поради пандемијата се најде на голем удар, а премиерот Бојко Борисов уште минатиот месец ги повика сопствениците на големите компании да ги продадат своите луксузни автомобили и јахти, наместо да бркаат работници и да бараат државна помош.
Бидејќи многу пати ме прозваа дека сум навредил некого, сакам само да потенцирам во сиромашна Бугарија какви автомобили има, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако ја објави листата со бројки и луксузни модели кои ги возат бугарските бизнисмени.
Во Бугарија има три Бугати како на Роналдо, има 241 автомобил Бентли, 123 Ферари, 53 автомобили Мајбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати. А Ролс-Ројсови има 84… јас не знам, но сигурно сме први во Европа. Хамери -280, Јагуари околу 4.000, Поршеа околу 5.000, наведе Борисов.
– Па, како што реков, ако некој бизнисмен можеше да ги задоволи вработените, тие можеа да намалат од 80 „ролс-ројса“ на 40. Сакам само да ги заштитам работниците – рече премиерот и ги повика бизнисмените да ги продаваат своите скапи автомобили за да ги сочуваат своите вработени во време на кризата, што тешко го погоди бизнисот – пренесува бугарскиот портал Факти.