Регион 04. јануари 2021. / 12:48

(ВИДЕО) БиХ се простува од тинејџерите кои се загушија со гас за новогодишната ноќ

(ВИДЕО) БиХ се простува од тинејџерите кои се загушија со гас за новогодишната ноќ

Шест бели ковчези се поставени пред црква во Босна и Херцеговина каде граѓаните се простуваат од шестмината тинејџери кои настрадаа загушени од гас во викенд куќа.

Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Шана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ, кои починаа на новогодишната ноќ  ќе бидат погребани денеска пред црквата Свети Јован Крстител на Ракитно.

Во црквата започнаа погребните обреди и молитви, а заедничката миса е предводена од епископот мостарски и дувањски и апостолскиот администратор на Требиње и Мркањ, Петар Палиќ.

Ковчезите со телата на жртвите се изложени пред црквата.

Вчера беа погребани Мирела Резо и Стјепан Јукиќ.