Регион 18. декември 2020. / 12:11

Вакцините за Западен Балкан ќе бидат на располагање кога ќе почне дистрибуцијата во ЕУ

Вакцините за Западен Балкан ќе бидат на располагање кога ќе почне дистрибуцијата во ЕУ

Комесарот за проширување Оливер Вархеји денеска разговараше со министрите за надворешни и европски работи на земјите од Западен Балкан за координација на стратегиите за вакцинација.

„Работам на тоа да се осигураме дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат на располагање на Западен Балкан на време, кога ќе започне дистрибуцијата во ЕУ“, напиша Вархеји на Твитер.

Тој вели дека за таа цел се издвојуваат средства и се координираат активностите.

„Во пандемијата, ние стоиме покрај Западен Балкан, чија иднина е во ЕУ“, порача Вархеји.

Тој рече дека ЕУ ќе им помогне на своите соседи, но и пошироко, со цел заедно да ја победиме пандемијата.