Училиштата во Турција ќе останат затворени до крајот на мај.
Како што соопшти министерот за образование, Зиа Селчук, таквата одлука е донесена како дел од мерките за борба против ширењето на корона вирусот.
Официјална Анкара ги затвори училиштата на 12 март, откако во Турција беше регистриран првиот позитивен случај на Ковид-19.
Во моментов во Турција има потврдени 114.653 заразени и речиси 2.992 смртни случаи.