Регион 02. декември 2018. / 20:25

Убиен познат српски бизнисмен во Белград

Убиен познат српски бизнисмен во Белград

Сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарниц и познат српски бизнисмен, Владо Поповиќ (43), бил убиен синоќа во Белград.

Група маскирани насилници го пречекале пред кафулето каде седел и испукале повеќе рафали, при што е повредено и 23 годишно момче.

Како што јавуваат српските медиуми, во полициските документи Поповиќ се води како соработник на Лука Бојовиќ, Филип Кораќ и на шкаљарскиот клан, заедно со Војислав Костиќ.

Поповиќ и Костиќ се на листата на сведоци во случајот на убиството на адвокатот Миша Огњановиќ, од јули годинава.

По убиството на белградскиот бизнисмен познат под прекарот Влада поп, полицијата почнала акција „Виор“.