Регион 08. април 2018. / 16:33

Турските вооружени сили уништиле 12 позиции на ПКК во северен Ирак

Турските вооружени сили уништиле 12 позиции на ПКК во северен Ирак

Турската војска изврши воздушна операција врз местата Харкукм Синат-Хафтанин, Зап и Метина кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што се уништени 12 позиции на терористичката организација Курдска работничка партија (ПКК), јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението на Турските вооружени сили се наведува дека е извршена воздушна операција врз припадниците на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои се подготовувале за напад врз турските трупи во местата Харкук, Синат-Хафтанин, Зап и Метина во северниот дел на Ирак.