Регион 16. март 2019. / 10:59

Турски воени авиони влегле во грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони влегле во грчкиот воздушен простор

Во грчкиот воздушен простор навлегле турски авиони.

Два турски борбени авиони влегле утрото во грчкиот воздушен простор, прелетувајќи ја островската група Инусес во источниот Егеј.

Тие првпат прелетале над малите острови, летајќи на висина од 25.000 стапки.

Се вратиле неколку минути подоцна за да преминат преку островите Панагија, на висина од 18.000 стапки, објави „Катимерини“.

Инцидентот се случи само неколку часа по изјавата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, дека сè додека грчките авиони летаат над Егејот, ќе летаат и турските.