Регион 27. декември 2019. / 15:42

Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот воздушен простор

Во неколку наврати попладнево  турски воени авиони Ф-16 и Ф-4 го нарушиле грчкиот воздушен простор, прелетувајќи над острови во Егејското Море.

Турските авиони Ф-16 трипати прелетале над островот Инусес, на височина од 5.800 метри, двапати над Панаја и еднаш над Агатониси, додека пак двата турски Ф-4 прелетале над Антропофагус на височина од 3.500 метри.

Турските авиони, биле препознаени и пресретнати од грчките воени авиони, како што е пракса во ваквите случаи, согласно меѓународните правила.