Турската полиција денеска уапси 50 лица осомничени за поврзаност со Фетулахистката терористичка организација (ФЕТО), во операции во различни делови на Турција.
Дваесет и двајца поддржувачи на ФЕТО беа уапсени во северозападниот округ Одрин, во обид да избегаат во Грција.
Силите за безбедност уапсија десетмина војници во западниот округ Маниса, поради сомнеж дека се поврзани со ФЕТО.
Во меѓувреме, во источниот дел на Агра, 16 универзитетски професори беа уапсени и осомничени за членство во нелегалната организација.
Полицијата уапси „ѓуленист“ во округот Османие и еден во реонот Баликешир.
Според турските власти, групата ФЕТО на муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за воен удар во Турција во јули во 2016 година.