Регион 22. декември 2018. / 20:32

Tурската крајбрежна стража спречи мигранти да влезат во Грција

Tурската крајбрежна стража спречи мигранти да влезат во Грција

Припадници на турската Крајбрежна стража спречија обид на 44 мигранти за илегален премин од брегот на Турција до грчки остров во Егејското Море.

Според електронското издание на весникот „Милиет“, мигрантите со гумен чамец во текот на ноќта испловиле од местото Дидим во округот Ајдин, но додека се движеле низ Егејското Море биле забележани и пресретнати од припадниците на Крајбрежната стража.

Мнозинството на мигрантите бил Авганистанци, со исклучок на тојца од нив, кои биле државјани на Иран. Меѓу мигрантите имало 16 мажи, 12 жени и 16 деца.