Турција работи деноноќно за да ги минимизира ефектите на коронавирусот во земјата, изјави турскиот претседател реџеп Таип Ердоган.
Ердоган повикува на мерки за да се спречи вирусот, да се држи социјална дистанца и да не се напушта домок ако не е неопходно
„Од свое име и во име на земјата, изразувам благодарност до сите граѓани кои не поддржуваат и делуваат со чувство на одговорност во оваа борба против коронавирусот, изјави тој.
Министерството за внатрешни работи на Турција забрани излегување на улици, паркови, граѓани на возраст над 65 години, како и оние со хронични заболувања поради ризик од коронавирус.
Мерката стапува во сила на полноќ и спаѓа во рамките на законот за јавен ред, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи. Тоа е една од најрадикалните мерки, преземени за борба против новиот коронавирус.
Претходниот ден беа откажани и илетите за бесплатен јавен превоз за пензионери над 60 години. Пред тоа, Дирекцијата за верски работи воведе забрана за колективни молитви во џамиите на возрасни луѓе.
Допрва треба да бидат објавени посебни мерки за тоа како ќе се примени забраната за излегување и какви санкции ќе бидат изречени во случај на непочитување.
Од синоќа, од новиот коронавирус починаа девет турски државјани, а 670 луѓе биле заразени со вирусот Ковид-19.