Регион 14. март 2020. / 15:15

Турција забрани влез за граѓани на девет европски земји

Турција забрани влез за граѓани на девет европски земји

Турција забрани влез на нејзина територија за патници кои доаѓаат од девет европски земји – Австрија, Белгија, Германија, Данска, Шпанија, Холандија, Норвешка, Франција и Шведска, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Мерката се презема поради спречување на ширењето на корона вирусот и стапи во сила од денеска. Граѓаните од овие девет земји имаат право да ја напуштат Турција.

Влез во Турција нема да им биде дозволен ни на граѓани од трети земји, кои во последните 14 дена престојувале во тие девет држави. На турските државјани времено им се забранува да патуваат во наведените земји.

Турција, која има потврдено пет случаи на заразени со Ковид-19, соопшти дека од денеска до 17 април ги суспендира летовите кон деветте наведени земји, а претходно се прекинати летовите до Кина, Иран, Ирак, Италија и Јужна Кореја.