Три лица беа уапсени поради сомнение за учество во терористичката група која го организираше обидот за пуч во Турција во 2016. Уапсените се дел од вкупно 37 осомничени лица по кои е распишана потерница.
Според анонимен извор, тројцата се уапсени во анти-терористичка акција која се одвиваше во 22 провинции.
Меѓу лицата осомничени за учество во Терористичката организација Фетула (ФЕТО) се јавуваат и 14 суспендирани воени лица, меѓи кои двајца потполковници, како и 23 цивили, додаде изворот.
ФЕТО на чело со својот лидер Фетула Ѓулен стојат зад обидот за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2200 беа повредени.
Според Анкара, ФЕТО стои зад долгогодишните кампањи кои сакаат да ја срушат државата преку инфилтрирање во институциите во Турција, особено во војската, полицијата и судовите.