Регион 22. декември 2019. / 19:15

Турција претстави нова подморница, до 2027 година планира да располага со шест

Турција претстави нова подморница, до 2027 година планира да располага со шест

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во градот Кочаели презентираше подморница од нов тип и најави дека турската морнарица до 2027 година ќе располага со најмалку шест вакви подморници од турско производство.

“Pirireis” е првата подморница дел од турскиот проект кој започна пред четири години за нов тип на подморници, пренесува Анадолија.

Потсетувајќи дека пред крајот на следната година треба да започне изградбата на бродот „Selmanreis“, Ердоган рече дека од 2022 година, секоја година ќе се произведува по една нова подморница.

–  Значи, до 2027 година нашата морнарица ќе ги има на располагање сите шест наши нови подморници“, рече Ердоган.