Еден ден по изборите и новата победа на Реџеп Таип Ердоган, срцето на Турција е поделено на два дела, пишува Би-би-си.
Опозицијата во последните месеци се разбуди. Бројните критичари на Ердоган намирисаа шанса да ја урнат неговата власт. Меѓутоа, премногу се надеваа.
Меѓутоа, во неделата сѐ изгледаше поинаку. Партијата од левиот центар ЦХП веруваше дека конечно има кандидат. Муарем Инџе, харизматичниот поранешен професор, кој успеа да ги придобие речиси сите слоеви – од верниците до Курдите.
Се знаеше дека Ердоган ќе има повеќе гласови, но постоеше надеж дека може да собере помалку од педесет отсто. Тоа тогаш ќе значеше втор круг во кој опозицијата би се обединила, а тогаш се би било возможно.
Меѓутоа, Ердоган собра повеќе од 50 отсто од гласовите, а соништата на опозицијата згаснаа. Овие избори всушност беа целосна новина бидејќи опозицијата првпат по долго време имаше право да сонува.