Официјални претставници на Анкара соопштија дека Турција одлучила повеќе да не ги спречува сириските бегалци коишто се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море.
Ваквата одлука доаѓа во пресрет на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде што има еден милион раселени лица.
– Турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добија наредба да се држат настрана – изјавил неименуваниот турски претставник за западни медиуми.