Регион 04. јули 2018. / 11:37

Турција ликвидирала 11 курдски бунтовници

Турција ликвидирала 11 курдски бунтовници

Турската армија денеска соопшти дека ликвидирала 11 припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во операции во северен Ирак и во југоисточна Турција.

Цел на нападите на турската војска извршени во изминатите два дена биле магацини со оружје на ПКК во областа Шарнак во Турција и Авешин Басан и Гара во Ирак.

По операцијата против сириските курдски групи во Африн, Турција го префрли тежиштето на своите операции кон северен Ирак и тамошните единици на ПКК.