Регион 21. септември 2018. / 11:48

Турција ќе продолжи со прекуграничните операции за пронаоѓање и отстранување на терористи

Турција ќе продолжи со прекуграничните операции за пронаоѓање и отстранување на терористи

Турција ќе продолжи со прекуграничните операции, чија цел е пронаоѓање и отстранување на терористи. Ова е наведено во изјавата на Националниот совет за безбедност на земјата.

Советот се состана вчера под раководство на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Средбата траеше пет часа.

– Прекуграничните операции на турската армија против терористите во Сирија ќе продолжат како досега, додека бидат исчистени сите региони од терористите. Фатените терористи,  надвор од границите на Турција, ќе бидат предадени на турското правосудство, се вели во соопштението на Советот за национална безбедност .

На седницата било дискутирано за постигнатиот договор со Русија за запирање на нападите во демилитаризираната зона во Идлиб. 
Тоа се смета за особено важно од турската страна.