Турција издаде уште еден навигациски телекс, или Навтекс (најава за морнарите), за областа во Источен Медитеран каде што ќе спроведе активности за истражување на сеизмиката.
Според најавата на 22 декември, мисијата, што ќе ја спроведува сеизмичкиот истражувачки брод Оруч Реис, ќе продолжи до 15 јуни 2021 година.
Навтекс е поморски комуникациски систем кој им овозможува на бродовите да ги информираат другите пловни објекти за нивното присуство во одредена област, како и други информации.
Оруч Реис ќе спроведе сеизмички истражувања на истокот на Средоземното море заедно со уште два пловни објекти, Атаман и Ценгиз Хан со кои ќе спорведат разни геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања, особено на континенталниот гребен, истовремено трагајќи по природни ресурси.
Бродот Оруч Реис се врати во јужното пристаниште на Турција во Анталија на 29 ноември.
Анкара постојано се спротивставува на напорите на Грција да прогласи ексклузивна економска зона заснована на малите острови близу бреговите на Турција, кршејќи ги интересите на Турција, земјата со најдолго крајбрежје на Медитеранот.
Турција исто така рече дека енергетските ресурси во близина на островот Кипар мора да бидат поделени праведно помеѓу Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и кипарските грчки администрации на Јужен Кипар.